Десет сообраќајни незгоди се случиле вчера во Скопје. Во сообраќајките со телесни повреди се здобиле три лица, а во седум е причинета материјална штета.
Санкционирани биле и 31 пешак кои поминале вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 31 возач, од кои осум кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување и седум возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 14 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 87 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 68 возила.