Search

Во Скопје речиси 3.000 заболени од Ковид, од нив 600 во Аеродром

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на коронавирус, додека пак само на територија на Скопје има 325.

Активни случаи во Скопје се  2983, а по општини денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) состојбата е следна.

• Чаир – 134

• Гази Баба – 353

• Аеродром – 592

• Карпош – 479

• Центар – 476

• Кисела Вода – 332

• Ѓорче Петров – 240

• Бутел – 122

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 6

• Сарај – 23

• Арачиново – 9

• Илинден – 49

• Сопиште – 25

• Чучер Сандево – 11

• Петровец –20

• Зелениково – 9

• Странец – 14

• Нераспределен- 72., соопштија од Министерството  за здравство.

Треба да знаете
Последни објави