Search

Во САД отворени 312 илјади работни места за еден месец

Американските работодавачи драстично го зголемија вработувањето во декември, бидејќи се отворени 312 000 работни места, покажаа податоците на американското Министерство за труд.

Сепак, стапката на невработеност благо порасна на 3,9 отсто.Просечната заработка по час во декември се зголеми за 3,2 отсто, што е повеќе во однос на растот од 2,7 отсто од крајот на 2017 година.

Највеќе работни места минатиот месец се отворени во областа на здравствената заштита, прехранбените услуги, градежништвото и производствениот сектор.

Во секторот за здравство и образовни услуги се отвори 82 000 работни места, што е најголем скок од февруари 2012 година.Во угостителството се отворени 40,7 илјади работни места, во градежништво 38 000, а во индустрискиот сектор 32 000.

Треба да знаете
Последни објави