Search

Во Русија се разгледува зголемување на старосната граница за купување алкохол

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска се побара зголемување на старосната граница од 18 на 21 година за набавка на алкохол бидејќи бројот на смртни случаи поради прекумерна конзумација на алкохолни пијалоци е зголемен уште од почетокот на пандемијата.

– Ако пратениците се подготвени за спроведување (таа реформа), тогаш зошто да не!”, изјави министерот во парламентот, додавајќи дека „тоа веќе можеше да се стори”.

Министерот додаде дека се следи стапката на смртност и дека „за време на пандемијата, уделот на алкохол во стапката на смртност почна да се зголемува”.

Иако Русија има углед како земја во која се троши многу алкохол, во периодот од 2003 до 2016 година регистриран е пад за 40 проценти, според Светската здравствена организација.

Треба да знаете
Последни објави