Search

Во Русија се потврдени нови 5.065 случаи со коронавирус, 114 лица починале

Во Русија се потврдени уште 5.065 случаи на коронавирус, додека 114 лица починале, објави Центарот за борба против коронавирус.

Вкупниот број на пациенти од почетокот на епидемијата во Русија сега е 912.823, додека вкупниот број на починати е 15.498, јавува Тасс. Повеќето нови пациенти се во Москва и Санкт Петербург.

Како што се наведува, во моментот се хоспитализирани 174.361 пациенти, додека 6.568 лица оздравеле во последните 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави