Search

Во Русија главен ден во гласањето на локалните избори

Во Русија денеска е главниот ден на гласањето на регионалните и локалните избори, како и на изборите за пратеници во регионалните собранија, јави ТАСС.

Локалните и регионалните избори во Русија обично траат еден ден и се одржуваат во втората недела од септември. Оваа година, сепак, оваа практика беше напуштена поради пандемијата на коронавирус. Гласањето почна на 11 септември и трае три дена, а денешниот ден на гласањето е означен како главен.

Избори се одржуваат во 83 региони на Русија со повеќе од 56.000 избирачки места. Граѓаните ќе гласаат за гувернер во 18 региони, а избори за градоначалник ќе се одржат во пет градови.

На изборите учествуваат околу 171 000 кандидати од 36 политички партии, како и околу 40 000 независни кандидати

Преземени се строги мерки на претпазливост на избирачките места заради заштита од коронавирус. Просториите се дезинфицираат, носењето заштитни маски е задолжително, а пред влезот се мери температурата на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави