Search

Во Република Српска поголема е инфицираноста со коронавирусот меѓу мажите отколку кај женската популација

Најголемиот број на заразени лица од коронавирусот во Република Српска е на возраст од 30 до 65 години, од вкупно инфицираните 182. Помлади од 15 години се осум, а меѓу 15 и 30 години се 48 заразени лица.

Во возрасната категорија од 65 до 74 години има инфицирано 21 лице, а меѓу повозрасните од 75 години  се регистирани 15.

Според здравствените власти најважно е во овие момети да се почитуваат издадените препораки и да се намали бројот на физички контакти, а ако се неопходни истите да бидат на пропишаната дистанца, посебно со повозрасните лица кои доколку се инфицираат може полесно да ја загубат битката за живот со вирусот кој го тресе светот.

Според статистичките податоци меѓу заразените од коронавирусот поголем е бројот на мажи (150), наспротив женаската поулација (124). Досега најголемиот број на инфицирани се во Бања Лука каде има евидентирани 173 случаи.  Во РС вкупно се заразени 274 лица, излекувани има 21, а како последица од коронавирусот починале пет.

 

Треба да знаете
Последни објави