Search

Во протестите во Венецуела загинаа пет луѓе, а 233 се приведени

Пет луѓе загинаа, а 233 се приведени за време на судирите изминатата недела во Венецуела до кои дојде во момент на демонстрации покренати по повик на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо на воен бунт против Николас Мадуро, објави државниот обвинител Тарек Вилијам Саб.

Тој нагласи дека само во саботата до него биле испратени 18 барања за апсења поради обидот за пуч.

Според податоци на невладини организации во тие немири има 240 повредени.

Треба да знаете
Последни објави