Search

Во Полска затворени 13 играчници по смртта на пет девојчиња во пожар

Полските власти затворија 13 играчници „ескејп рум“ (Escape room) поради безбедносни пропусти по смртта на пет девојчиња во пожар.

Полскиот премиер, Матеуш Моравецки ги повика граѓаните да пријават безбедносни пропусти што ќе ги забележат во играчниците од овој тип, пренесува „Асоушиејтед прес“.

Учесниците во „ескејп рум“ игрите се заклучени во соба или зграда и мораат во определен временски рок да решат низа загатки за да дојдат до клучот кој ги отвора вратите за излез од просторијата. Игрите се сметаат за интелектуален предизвик и уживаат голема популарност меѓу тунејџерите во Полска.

Противпожарната служба соопшти дека играчницата во изнајмена куќа каде настрадаа пет 15-годишни девојчиња во петокот, немала излез во случај на пожар.

Телата на тинејџерките, пожарникарите ги пронајдоа во соба до онаа каде избувнал пожарот. Се покажало дека девојчињата се задушиле од чадот.

Обвинителите наведоа дека причина за пожарот наверојатно е протекување на гас во системот за греење.

Во околу 200 од 1.100 „ескејп румс“ извршена е контрола од петокот, а притоа не е окриен голем број на безбедносни пропусти кои итнон би морало да бидат отстранети.

Треба да знаете
Последни објави