Search

Во Општина Кисела Вода се одржа новогодишна претстава

Денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа новогодишна претстава за децата на вработените во Општината. Воспитувачките од ЈДГ „Весели Цветови” во чија изведба беше претставата со одличниот музички и драмски настап донесоа многу насмевки на лицата на децата.

По завршувањето на овој новогодишен настан децата ги израдува и Дедо Мраз кој на сите им додели новогодишни пакетчиња.

Претставата ја проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски со семејството, секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ.

Треба да знаете
Последни објави