Search

Во октомври пониски цените на индустриските производи

Во октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,1 процент, а за 0,5  проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со септември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври годинава, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење на камен” за 3,3  проценти, а се повисоки во секторот „преработувачка индустрија” за 0,1 процент и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација” за 0,7  проценти.

Во однос на октомври минатата година, продажните цени се пониски во секторот „рударство и вадење на камен” за девет проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација” за 3,3  проценти, а во секторот „преработувачка индустрија” се повисоки за 0,5  проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека во октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,3  проценти на месечно ниво, а се непроменети на годишно ниво.

Треба да знаете
Последни објави