Search

Во Маџари прегазен малолетник, старец во Центар, возачот избегал

На 12.10.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски”, патничко возило „киа сид”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(36) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.10.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин”, непознато патничко возило удрило во пешакот Д.А.(70) од Скопје, по што го напуштило местото.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Терза”. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави