Search

Во Литванија запленети рекордни 1,5 тони хашиш

Во Литванија се запленети 1,5 тони хашиш, ќија вредност е проценета на 20 милиони евра. Тоа е најголемата заплена во историјата на таа балтичка земја.

Претставникот на полицијата Линас Пернавас изјави дека дрогата пристигнала од Мароко и оти крајна дестинација била Русија. Хашишот бил скриен во камион кој превезувал минерална вода.

Во врска со случајот уапсени се три лица, еден Белорус и двајца Литванци, кои се познати членови на криминална група.

Треба да знаете
Последни објави