Search

Во Либан откриен споменик на иранскиот генерал Сулејмани

– Голем споменик на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој минатиот месец беше убиен во американски воздушен напад, откриен е во јужен Либан во близина на границата со Израел.

Споменикот на командантот на иранската елитна единица Кудс е поставен во пограничното село Марун ал Рас од страна на шиитската терористичка организација Хезболах, која има поддршка од Иран.

Според „Тајмс оф Израел” испружената рака на Сулејмани е алузија на планот на Хезболах да ја преземе контролата над регионот Галилеја, која опфаќа голем дел од северен Израел, како и на клучната улога на Кудс во подготовката на Хезболах за евентуален воен судир со Израел.

„Ерусалим пост” наведува дека статуата треба да ги поддржи тврдењата дека Хезболах е блиску до „ослободување на Палестина”.

Сулејмани беше убиен при американски напад со дрон извршен во близина на аеродромот во Багдад, при што загинаа уште осум лица.

Треба да знаете
Последни објави