Search

Во Косово регистрирани 15 починати, 775 заболени и 553 излекувани од Ковид-19

Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 963 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 15 од пациентите заразени од коронавирусот.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 775 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 37.028. Од нив, вклучително вчерашните 553 излекувани, болеста досега ја совладале 22.690 лица.

Официјално, согласно официјалните податоци, во земјата моментно има 13.375 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.903, а вкупно досега 137.872 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Треба да знаете
Последни објави