Search

Во Катовице почна 24. Конференција на ОН за климатските промени

Во полскиот град Катовице денеска почна 24. годишна  Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24).

На конференцијата ќе учествуваат лидери на повеќе од 200 држави.

Конференцијата е значајна поради тоа што 19 од 20 земји на Самитот на Г-20 изразија поддршка за Парискиот договор за климата од 2015 година.

Поради Конференцијата за денеска се предвидени и демонстрации на активистите кои се залагаат за престанок на користењето на јаглен во Полска.

Во моментот Полска користи јаглен за околу 80 отсто за своите енергетски потреби.

Треба да знаете
Последни објави