Search

Во карантин две американски воени бази во Јапонија

Две американски воени бази во Окинава, во јужна Јапонија, се во карантин поради ширењето на коронавирусот во тие бази, објавија денес јапонските власти.

Владиниот портпарол, Јошихиде Суга, изјави дека 62 лица биле заразени со коронавирус во американските воени бази.

Штабот на американската морнарица во Пацификот воведе карантин во тие бази и им забрани да заминат. Мерките ќе бидат во сила до понатамошно известување.

Веста за заразата во тие бази предизвика незадоволство од локалните власти на Окинава, кои го оспоруваат присуството на голем број припадници на американските воени сили.

Архипелагот Окинава е дом на повеќето од 50.000 американски војници присутни во Јапонија.

Властите во Окинава ги повикаа војниците и нивните семејства да бидат ставени во карантин во базите во текот на викендот, а не во хотелите надвор од нив.

Треба да знаете
Последни објави