Search

Во камион кај Габрово откриени 142 мигранти

На 10.06.2020 околу 05.40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, мото-патрола од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“ забележала товарно возило „ман“, со бугарска регистарска ознака, и приклучно возило, со македонска регистарска ознака, како се движи со голема брзина и се упатила кон него со цел да го запре и контролира. Возилото не застанало и се упатило по стариот пат од село Милетково кон село Габрово и набргу потоа возачот го сопрел возилото.

При преглед во возилото биле пронајдени 142 мигранти. Тие биле приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“.

Увид бил извршен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Mигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави