Search

Во Италија уапсени 19 лица обвинети за припадност на Ндрангета

Италијанската полиција денеска уапси 19 лица обвинети за припадност на мафијашката криминална организација Ндрангета со седиште во Калабрија, која исто така делува во северниот град Тренто во близина на границата со Австрија.

Полицијата соопшти дека операцијата покажала оти Ндрангета, која одамна се проширила од југот на Италија, има корени и во Трент, пренесе АНСА.

Операцијата била спроведена заедно со уште една во регионот Калабрија во која бил разбиен водечкиот клан Сераино коска.

Ндрангета е најбогатата и најмоќна мафијашка криминална организација.

Таа ја надмина сицилијанската Коза Ностра благодарение на контролата врз европската трговија со кокаин.

Се проценува дека сите нејзини активности имаат еквивалент на најмалку три проценти од италијанскиот БДП.

Според „Проценката на закани за италијански организиран криминал” од 2013 година на Европол и Гардија Фајнанс, приходот на Ндрангета изнесувал околу 55 милијарди долари во 2008 година.

Треба да знаете
Последни објави