Search

Во Иран се намалува бројот на смртни случаи од последици со Ковид-19

Иранското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа починале 76 луѓе од последици од новиот коронавирус, со што бројот на смртни случаи се искчи на 5.650.

Во Иран досега со Ковид-19 се инфицирале 89.328 луѓе од кои 3.096 се во критична здравствена состојба.

Иранскиот заменик-министер за здравство изјави дека е намалена дневната стапка на смртност за 70 проценти, а исто така се намалува и бројот на новозаразени лица за околу 50 отсто.

Епидемијата со Ковид-19 на Блискиот Исток најмногу го погоди Иран, каде е забележана највисока стапка на смртност во светот.

Треба да знаете
Последни објави