Search

Во Иран затворен весник кој објавил изјава од експерт во врска со коронавирусот

Иранските власти го затвориле дневниот весник „Џахане Санат“ откако во него била објавена изјава од епидемиологот Мохамед Реза Махбобфар, дека официјалните бројки за случаите на коронавирус во земјата претставуваат само пет проценти од реалните бројки, која потоа беше негирана од иранското Министерство за здравство.

Главниот и одговорен уредник на везникот, Мохамед Реза Сади за официјалната новинска агенција ИРНА изјавил дека властите го затвориле неговиот весник, кој започнал да се објавува во 2004 година и кој главно се фокусирал на информации од светот на бизнисот, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави