Search

Во Ирак уапесен дебел припадник на Исламска држава, морале да го пренесат со камион

Претежок муфтија кој соработувал со Исламска држава (ИД), уапсен во Ирак, имал толку голема маса што службите морале да го натоварат во задниот дел на камион за да го пренесат.

Ирачките безбедносни сили во четвртокот го уапсиле Шифу ал-Ним во градот Мосул. Тој е осомничен дека спроведувал фатви или верски пресуди, врз основа на кои биле гранатирани верски објекти и погубени многу свештеници. Ирачката полиција соопшти дека муфтијата бил еден од главните водачи на ИД.

На фотографијата од неговото апсење се гледа дека Шифу ал-Ним е ставен во задниот дел на камион, бидејќи не го собирало во полициско возило, пренесува „Дејли мејл“.

„Задоволен сум што Џаба Хат од Исламска држава е уапсен во Мосул. Тој е одговорен за убиства на мажите, жени и деца. Се работи за мнструм кој силувал и убивал“, напишал на „Твитер“ Британец кој се борел против Исламска држава во Сирија.

Треба да знаете
Последни објави