Search

Во Грција спасени 42 мигранти кои немале документи

Грчката крајбрежна стража спаси 42 мигранти без документи и ги префрли во камп на островот Самос, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Спасените мигранти стигнале на гумен чамец од Турција.

Од Самос во Пиреј претходно биле префрлени 494 бегалци, во рамки на иницијативата за намалување на бројот на бегалци и мигранти во камповите на островите.

Минатата недела Министерството за миграција во Грција одобри отворање нов прифатен центар.

Треба да знаете
Последни објави