Search

Во Германија над 1.000 заразени за 24 часа, во Русија 6.000 нови случаи

Во Германија за едно деноноќие се потврдени 1.345 позитивни случаи на зараза со коронавирус, а две лица починаа.

Со тоа, 271.415 лица се разболеле од почетокот на пандемијата во Германија, а починале 9.386 пациенти.

Високи бројки бележи и Русија, каде во изминатите 24 часа беа регистрирани 6.148 нови случаи.

Од последниот пресек во Русија, други 79 лица починаа како резултат на заразата со ковид-19, што е речиси двојно помалку од претходниот ден кога беа пријавени 144 смртни случаи, пренесува ТАСС.

Вкупно се заразени 1.103.399 лица, а починаа 19.418.

Досега во Русија оздравеа над 900.000 заразени лица.

Треба да знаете
Последни објави