Search

Во Венецуела повторно нема струја

Во десетина градови во Венецуела повторно нема струја, со што се засегнати околу два милиона луѓе.

Градоначалникот на Маракаибо напиша на Твитер дека во 11:46 часот се случила хаварија во работењето на Националниот електричен систем во државата Сулија, каде што без струја е и градот Маракаибо.

Од компанијата велат дека „работниците се трудат да ја стабилизираат состојбата”, но не ги соопштија причините за прекинот, како и времето кога се очекува повторно да се воспостави.

Пред два месеца во регионот имаше повторно прекин на струјата, што траеше подолг период.

Како причини за тешките хаварии експертите ги посочуваат ниското ниво на инвестиции во секторот и извозот на опрема.

По колапсот во текот на летото, министерот за комуникации Хорхе Родригез рече дека хавариите се резултат на „електромагнетни напади” против главниот хидроелектричен систем на земјата.

Треба да знаете
Последни објави