Search

Во велешка крзнара пуштена во употреба пречистителна станица за хромни отпадни води

Во погонот за штавење на велешка крзнара АД „Димко Митрев” денеска во функција свечено беше пуштена пречистителна станица за хромни отпадни води од овој погон вредна 300.000 евра сопствена инвестиција на фабриката.

Како што појасни генералниот директор Атанас Киров, хромот е најголем загадувач од отпадните води на погонот за штавење на кожа и затоа неговиот третман преку инсталирана современа опрема за негово пречистување беше приоритетна прва фаза за третман на отпадните води во фабриката.

Киров информира дека во втората фаза која ќе следи наскоро ќе се врши третман и на останатата отпадна вода од фабриката за крзно АД „Димко Митрев”.

Тој упати благодарност до градоначалникот на општина Велес, Коцевски и стручните служби на општината за добрата меѓусебна соработка во реализација на оваа инвестиција од областа на екологијата.

-Со оваа голема инвестиција нашиот менаџерски тим во многу ќе придонесе за заштита на животната средина, појасни Киров.

Воедно најави дека наскоро ќе започнат активностите од втората фаза, а за тремтан на останатите води во фабриката.

Инаку крзнара АД „Димко Митрев” има добиено Б еколошка дозвола, а инсталирањето е на пречистителна станица е во рамките на обврската од оперативниот план во дозволата.

Од општина Велес го поздравија реализирањето на пречистителна станица за отпадни води и воедно упатија апел до останатите велешки компании да бидат општествено одговорни и да инвестираат во заштита на животната средина.

Тие воедно најавија дека преку своите општински инспекциски служби ќе продолжат да го следат работењето и влијанието врз животната средина на фабриката за крзно „Димко Митрев”,но и на остнатите фабрики во градот

Треба да знаете
Последни објави