Search

Во Бугарија разбиена мрежа што финансирала терористички групи

Специјалните единици на бугарската полиција денеска уапсија 43 лица во неколку координирани акции низ целата земја, под сомнение дека се дел од мрежа преку која биле финансирани терористи.

Заменикот на главниот обвинител, Иван Гешев, рече дека еден од уапсените е државјанин на Сирија кој живеел во Бугарија, а за кого постои сомневање дека испраќал пари на луѓе кои, како што е наведено, обезбедувале поддршка за меѓународни терористички групи, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави