Search

Во Бугарија откриена измамничка група чија цел бил недвижен имот од починати лица

Во Бугарија откриена е група измамници кои со помош на лажни венчални листови се стекнувале со недвижен имот и други работи од починати лица.

Полицијата уапси шест лица кои за пет години стекнале нелегално 15 имоти во вредност од 500.000 евра.

Меѓу уапсените има еден полицаец кој ги пронаоѓал информациите и еден градски функционер од Софија. Улогата на полицискиот службеник била да пронајде стари или неодамна починати лица со вредни недвижнини и пари, а градскиот службеник бришел потенцијални наследници и издавал фалсификувани венчални листови, соопшти Обвинителството за организиран криминал.

Една од лажните венчаници, наводно, била издадена во Русија.

Групата е откриена откако еден од нив, маскиран како жена, во средата се обидел да подигне 600.000 лева (300.000 евра) од банка во Софија за да купи стан во готово.

Треба да знаете
Последни објави