Search

Во Британија се криминализира фотографирање под здолниште на жени

Британскиот Парламент одобри нацрт закон со кој се криминализира фотографирање жени под здолништето, акција што ќе се казнува со две години затвор.

За да стапи на сила законот треба да го потпише кралицата Елизабета Втора, но тоа е само формалност.

Нацрт законот беше внесен во Парламентот по кампања на Џина Мартин (27) која била жртва на таква понижувачка практика во 2017 година.

Првично законот беше блокиран поради несогласување од страна на пратеник на Конзервативната партија кој навлече врз себе остри критики. Во јули текстот на законот беше поддржан од Владата и внесен во Парламентот на разгледување.

Треба да знаете
Последни објави