Search

Во Брисел делуваат стотина руски и кинески шпиони

Околу 450 шпиони, руски и кинески, моментално делуват во Брисел, предупреди Европската служба за надворешно делување (ЕЕАС).

Одделот за внатрешна безбедност на Европската служба за надворешно делување, предупреди дека во Брисел делуваат стотина руски и кинеси шпиони, пренесе „Дојче веле“, повикувајќи се на европски дипломати.

Според извештајот на ЕЕАС, во Брисел моментално делуваат околу 200 руски и 250 кинески разузнавачи.

Диплоамтите се предупредени за избегнуваат одредени локации меѓу кои и популарниот ресторан и кафуле во близина на главната зграда на Европската комисија и седиштето на ЕЕАС.

Руските и кинеските разузнавачи, како што се наведува во извештајот, во главно работат во амбасадите и трговски претставништа на своите земји.

Треба да знаете
Последни објави