Search

Во борбите кај Триполи загинаа 205 лица

Најмалку 205 лица загинаа, а 931 беа ранети откако пред две недели почна офанзивата на либискиот командант Калиф Хафтар во Триполи, главниот град на Либија, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Медицинските тимови што СЗО ги ангажира продолжуваат да работат во теренски болници на предните линии на фронтот.

Меѓународната организација за миграции посебно соопшти дека 25.000 луѓе се раселени. Само во последните 24 часа раселени се 4.500 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави