Search

Во БиХ уапсени три лица за местење избори во Сребреница

Полицијата во Босна и Херцеговина денеска уапси три лица кои се под истрага поради сомнение за учество во злоупотреби поврзани со локалните избори одржани на 15 ноември.

Портпаролот на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Лука Миладиновиќ потврди дека три лица биле приведени при претреси во областите Сребреница и Тузла, а операцијата била нарачана од државното обвинителство.

Обвинителството на БиХ само соопшти дека истражува сомневања за нерегуларности за време на локалните избори.

– Незаконитостите што се испитуваат се однесуваат на изборниот процес во 2020 година и наводи за манипулации и незаконитости поврзани со пријавите на граѓаните за гласање од странство, соопшти Обвинителството на БиХ.

Локалните медиуми објавија дека се приведени лица осомничени за злоупотреба на личните податоци на гласачите од Сребреница, кои без нивно знаење ги пријавиле за гласање преку дописи од странство односно од Србија.

Треба да знаете
Последни објави