Search

Во Битолската болница поставен чадор во тоалетот за да не течат фекалии врз пациентите (ВИДЕО)

Ново видео за условите во болницата во Битола кружи на социјалните мрежи, откако денеска беа објавени слики од просторија во болницата каде што пациенти добиваат инфузија додека во соседните кревети лежат починати пациенти.

Пациент од болницата во видеото раскажува какви се условите во одделение кое се наоѓа веднаш до ковид-центарот на болницата, пренесува плусинфо.

Тој посебно се задржува на тоалетите каде што за да не капат фекалии на главите на пациентите додека извршуваат нужда е поставен чадор.

Пациентот кој го снимил видеото вели дека тоа делот од болницата каде што условите се сметаат како подобри, но за тоа сака да го информира министерот за здравство Венко Филипче, партиите и невладините организации.

https://www.facebook.com/dimitrievskitanas/videos/3836818143008638/?__tn__=%2CO-R

Треба да знаете
Последни објави