Search

Во Битола концерт на уметнички друштва од Хрватска

Хрватските уметничките друштва, ансамбл „Далматино” и вокалната клапа „Левера” вечер во Битола ќе приредат концерт на изворна и популарна музика.

Гостите од хрватската општина Муртер Корнати во Битола доаѓаат на покана на македонско-хрватското друштво МХД „Марко Марулиќ” со седиште во овој град.

-Секоја година во овој период во Битола организираме целовечерен концерт со гости од Хрватска, а повод e Денот на независноста на Хрватска. Концертот ќе се одржи во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, установа која е соорганизатор на културниот настан, информираа од МХД „Марко Марулиќ”-Битола, во пресрет на вечерашниот концерт.

Треба да знаете
Последни објави