Search

Во Белград нападнат актерот и лидер на Слободните граѓани, Сергеј Трифуновиќ

Сергеј Трифуновиќ, познат српски актер кој влезе во политика пред неколку години и е лидер на Движењето на слободни граѓани, беше нападнат денеска во центарот на Белград. Трифуновиќ бил нападнат додека собирал потписи за претстојните избори.

Според српски медиуми, случаен минувач му пристапил на Трифуновиќ и, по кратка расправија, го удрил по глава. Полицијата го привела напаѓачот кој е на 67-годишна возраст.

– Тој праша кој го купи овој шатор, му велам Вучиќ. Но Ѓилас плати за озвучувањето. Тој вели „ма немој„ и сфатив дека човекот е навистина сериозен. И му велам „поздравете ја вашата госпоѓа мајка“,  тоа е се што реков. Она што следуваше е удар кога веќе се завртев. Скокам, моите ме држат… Тогаш друг човек на велосипед, но истиот човек што доаѓа веќе три дена тука и навредува најтешки ми извади шрафцигер. Целиот наратив, кој дел од опозицијата што е во бојкот го упатува кон нас, дека сме предавници, дека сме продадени платеници на Вучиќ, тие цртаат мети на нашето чело, па потоа секако дека ќе има и вакви случаи, рече Сергеј.

Треба да знаете
Последни објави