Search

Во автобусите на ЈСП од утре нема да важи бесплатното возење за пензионерите

Не помина цела недела откако Јавното сообраќајно претпријатие Скопје почна со бесплатниот превоз за пензионерите, кој беше суспендиран поради битката со пандемијата од коронавирусот, забраната од утре повторно стапува на сила. Зголемениот број на новоинфицирани лица во градот беше причина од ЈСП Скопје да се огласат со соопштените.

-Ве информираме дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

 

Треба да знаете
Последни објави