Search

„Ворнер брос“ му понуди 50 милиони долари на Хоакин Феникс за две продолженија на „Џокер“

Хоакин Феникс, кој оваа година освои „Оскар“ за најдобра машка улога за филмот „Џокер“, би можел да добие огромен чек од 50 милиони долари за да ја репризира својата улога во две продолженија на оригиналниот филм.

Актерот, кој освои голем број награди за портретот на негативецот од стриповите, е во преговори за негово враќање.

„Џокер“ прилично ја подели публиката на самиот почеток, но останува фактот дека таа публика беше огромна. Имајќи предвид дека филмот заработи над 1 милијарда долари од продадени билети на киноблагајните, не е изненадување намерата на продуцентската куќа „Ворнер брос“ да го прошират проектот, и за таа цел му понудија на Феникс 50 милиони долари за уште два филма.

Двата проекти ќе бидат продолжение на филмот од 2019 година кој набргу ќе стане култен, и воедно, ќе му дадат шанса на Феникс да ја реризира својата оскаровска улога на Артур Флек, супернегативецот Џокер, најголемиот непријател на Бетмен, пишува британски „Мирор“ и додава дека студиото е подготвено да му даде многу пари на Феникс за да го обезбеди неговиот потпис.

Треба да знаете
Последни објави