Search

(Вознемирувачко видео) На тинејџер со солзавец му го дупнале лицето на протестот на „жолтите елеци“

На протестите на „Жолтите елеци“ во саботата учествуваа 84.000 луѓе ширум Франција, од кои 8.000 во Париз каде во текот на демонстрациите се случија и неколку инциденти.

Вниманието на јавноста ја привлече снимка на социјалните мрежи  на која се гледа момче со дупка на лицето која ја добило во текот на судирите на демонстрантите и полицијата.

Не знае точно како настанала раната, се претпоставува дека е солзавец или чадна бомба.

Илјадници припадници на движењето „Жолти елеци“ маршираа деветта сабота по ред низ улиците на Париз и во други градови во знак на протест поради економската политика на претседателот Емануел Макрон.

Во текот на протестите за време на викенд приведено 224 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави