Search

Возач со џип влетал во велосипедисти на протест во Њујорк

Возач на џип во Њујорк бил задржан во притвор откако возел низ толпа и преку велосипедски бариери што демонстрантите на „Блек лајвс медр“ ги користеле за да го запрат сообраќајот на улицата „Мидтаун“, соопштија полициски извори за „Њујорк пост“.

Судирот меѓу активистите и возачот на „доџ дуранго“ се одвивал меѓу 42-та улица и Шеста авенија околу 21 часот. Човекот возел кон запад на 42-та улица, кога бил опкружен од десетина демонстранти, многумина со велосипеди, кои се обидувале да го блокираат пристапот до патот на пет минути додека демонстрантите се движеле кон паркот „Брајант“.

Видео од инцидентот објавено на социјалните мрежи, кое сега веќе е избришано, прикажувало најмалку тројца демонстранти кои излегуваат пред возилото во близина на една од раскрсниците додека другите демонстранти покрај возилото се закануваат дека ќе му ги избушат гумите.

„Човек, ќе ти ја дупнам гумата“, може да се слушне како вели еден демонстрант. Друг демонстрант со мегафон прашува: „Мора ли да возите по оваа улица господине?“

Неколку секунди подоцна, може да се слушне глас што вели: „Избуши му ја гумата!“

Друго видео, кое исто така е избришано, покажува дека еден демонстрант неколку пати ја издупчил задната гума на возачката страна од џипот.

Возачот ѝ рекол на полицијата дека побегнал затоа што се чувствувал загрозен од групата. Тој возел неколку блока од местото, каде што бил запрен од полицијата и однесен во  полициска станица на Менхетен.

Полицијата соопшти дека човекот не е уапсен. Нема повредени во инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави