Search

Возач со автомобил прегазил велосипедист

Велосипедист бил тешко повреден откако бил прегазен од автомобил, вчера во кавадаречкото село Ваташа.

Според полицијата сообраќајката се случила во 18.40 часот на улицата Страшо Пинџур во Ваташа.Аавтомобил „форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Л.Ѓ.(31) од Кавадарци, удрил во велосипед управуван од Ј.А.(66) од Кавадарци.

Ј.А. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

Треба да знаете
Последни објави