Search

Возач повреден во судир на комби и два автомобили во Козле

На 07.04.2020 во 11.30 часот на улица Козле во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Скопје, патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од З.Ѓ. (42) од с. Д. Седларце-тетовско и патничко возило „мини“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.П.(50) од Скопје.

По незгодата, возачот на патничкото возило „фолксваген“ бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани повреди.

Увид на местото на нeзгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави