Search

Возач на шлепер удрил во автомобил и се обидел да го истурка од патот

Возач на камион од Куманово доби кривична пријава откако на автопатот кај Табановце прво удрил во автомобил, за потоа да не запре на повиците на возачот на автомобилот и да се обиде да го истурка од патот, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(38) од Куманово. Тој на 22.10.2022 околу 17:00 часот, движејќи се со товарно возило „волво“ по автопатот од граничен премин „Табановце“ кон Куманово, при обид да престигне друго товарно возило, со приколката удрил во патничко возило „Ауди“, се вели во полициското соопштение.

„Откако возачот на патничкото возило му дал знак да сопре, пријавениот продолжил со возење и се обидел да го истурка од коловозната лента“, додаваат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави