Search

Возач загина во сообраќајка кај Струмица

Триесет и седумгодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Струмица – Ново Село, поточно на влезот во село Босилово.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 21 и 50 часот кога автомобил „опел корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко, излетал надвор од патот и се превртел.

Возачот починал на самото место.

Треба да знаете
Последни објави