Search

Возачот на „бмв-ето“ стабилен, повредениот полицаец пуштен на домашно лекување

Во Ургентниот хирушки центар во текот на вчерашниот ден се донесени тројца пациенти повредени во сообраќајката кај обиколницата од кои еден со полесни повреди, а двајца со животозагрозувачки повреди.

Едниот од потешко повредените бил полицаец, кој синоќа им подлегна на повредите, другиот потешко повреден е цивил и е во Единицата за интензивно лекување при КАРИЛ, а полесно повредениот со гребнатинки на ногата, кој е полицаец бил хоспитализиран на Клиниката за трауматологија за опсервација, по што, на негово барање е пуштен дома, информира денеска за МИА раководителот на Ургентниот хирушки центар, д-р Алберт Леши.

Посочи дека полицаецот, кој им подлегнал на повредите бил донесен во бесознание и по дијагностичките процедури бил внесен во операциска сала со цел да бидат згрижени неговите повреди.

– По 45 минути тој им подлегна на повредите и во 19:45 часот е констатирана смрт. Потешко повредениот кој е сместен во Единицата за интензивно лекување при КАРИЛ има повреди на ‘рбетот, десното рамо и десната потколеница и е во стабилна здравствена состојба, истакна д-р Леши.

-На 21.06.2019 во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар. Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар. Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави