Search

Воена база во Мериленд затворена поради закана за бомба и евентуален оружен напад

База на военоморските сили на САД во Бетесда, Мериленд, е затворена поради примена анонимна закана за поставена експлозивна направа, и спроведување истрага за активен вооружен напаѓач, соопшти базата на Твитер.

Како што се соопштува, на сите војници им било наредено да се засолнат на безбедно место, откако утринава бил примен анонимен телефонски повик за наводно поставена бомба во објект покрај базата.

На територијата на базата се наоѓа Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид”.

Треба да знаете
Последни објави