Search

„Водовод и канализација“: Нема промени во цената, туку само во изгледот на сметката

Од ЈП „Водовод и канализација“ во чии сметки граѓаните сега гледаат нови ставки за „собирање и одведување на отпадни води“, „прочистување на отпадни води“ и надоместок за „одржување на јавното градско зеленило“, велат дека сметките се непроменети. Новите ставки само се обврска која произлезлегува од Законот за утврдување на водни услуги кој пропишува од сметката за вода да се издвојат ставките кои не се однесуваат на водата туку се наменети за плаќање на услугите на другите јавни претпријатија.

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје велат дека нема промени во цената на услугите кои се наплаќаат, туку само е променет изгледот на сметката по барање на Регулаторната комисија за енергетика која ги носи регулираните цени.

Регулаторната комисија за енергетика која ги регулира цените и за водни услуги лани донесе три решенија за износот на цените на водата, отпадните води и прочистувањето на отпадните води.

Според нив, цената на водата на ЈП „Водовод и канализација“ за 2020 година за домаќинствата е утврдена на 18,50 ден/m³, за категорија останати во износ од 49,50 ден/m³ и за категорија РЖ Услуги АД Скопје во износ од 13,00 ден/m³. За собирање и одведување на урбани отпадни води е утврдена цена од 10,85 денари за кубен метар за домаќинствата и цена од 16,50 денари за кубен метар за останатите категории, додека пак за прочистување на отпадната вода цената е утврдена на 0,86 ден/m³ за домаќинствата и за останатите категории корисници.

Дополнително во сметките е издвоена и сумата која граѓаните ја плаќаат за одржување на градското зеленило како надоместок за кој висината ја утврдува советот на Град Скопје.

Пресметката за надоместокот за одржување јавното градско зеленило, според „Водовод и канализација“ е извршена според одлуките донесени од Советот на Град Скопје од 31.10.2012 година и од 28.10.2019 година.

Треба да знаете
Последни објави