Search

Вода за наводнување на околу 5.000 хектари од „Лисиче 2“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во општина Велес одржа работен состанок за реализација на проектот за „Повеќенаменски ХС Лисиче 2“.

На состанокот присуствуваа жители од велешкиот регион, пратеници, градоначалниците на Велес и Чашка, директорот на ЈПВ Лисиче, директорот од Управата за водостопанство и претстваници од МЗШВ и консултантот на германската развојна банка „KfW“. На состанокот се разговараше за почетокот на проектот а консултатот на германската развојна банка „KfW“, беше информиран за потребите и значењето на овој проект за велешкиот регион.

Системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди  вода за наводнување на околу 5.000 хектари земјоделска површина, вода за производство на електрична енергија од три мали хидроцентрали и полнење на акумулацијата “Младост” кој се наоѓа блиску до Велес. Овој систем за наводнување ќе опфати речиси 85% од населението во регионот, вклучено во земјоделски активности. Со изградбата на системот за наводнување ќе се изврши и поврзување на акумулациите Лисиче и Младост и изградба на мали хидроелектрани. Вкупната инвестиција е околу 28,5 милиони евра, а ќе се финансира со помош на  германската развојна банка „KfW“ банка.

Проектот е долгогодишно барање на граѓаните и од големо значење за регионот, а неговата  реализација директно ќе влијае врз зголемување на наводнуваните површини во велешкиот регион и врз подобрување на конкурентноста на земјоделството.

Треба да знаете
Последни објави