Search

ВМРО профитерска ДПМНЕ набавуваше сомнителен инсулин а денеска лаже, за СДСМ здравјето на граѓаните е врвен приоритет

Соопштение за јавност – реакција на прес конференција на Марија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ

 

„ВМРО профитерска ДПМНЕ набавуваше сомнителен инсулин на штета на граѓаните а денеска лаже.

Нов тендер нема, а уништен е турски инсулин од стоковите резерви, набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати.

СДСМ нема да дозволи да биде загрозено здравјето на граѓаните, за нас граѓаните се најважни.

Профитерството, криминалот и расипништвото се олицетворение на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши со нивното заминување во опозиција. Навикнати на нивното режимско владеење со единствена кауза профит, не можат да се помират дека СДСМ одговорно се грижи за здравјето на граѓаните.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, каузата на СДСМ  е граѓаните на прво место. Министерството за здравство беше принудено да уништи сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Очајната опозиција соочена со извесен пораз на претстојните избори бадијала штанца лажни вести.  Граѓаните најдобро знаат за нивниот криминал врз грбот на граѓаните.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и после 12 април ќе остане опозиција.“

Треба да знаете
Последни објави