Search

ВМРО-ДПМНЕ: Oчајна е состојбата со буџетот штом Заев и СДСМ удрија по џебот на народот за да го покријат своето недомаќинско работење

СДСМ не знае како да ја покрие дупката во буџетот дадена за предизборен поткуп. Затоа удрија по народот. Дури почнаа и различни лаги да кажуваат, еднаш велеа дека нема да се гледа филмот за покачување на цената на струјата, а денес го гледаме токму тој филм. Имаат ли барем срам во СДСМ?

Мора да очајна состојбата со буџетот штом власта на Заев СДСМ ја покачува цената на струјата за 7,5%. Оваа одлука на власта на Заев и СДСМ доаѓа веднаш после изборите, што покажува дека тие ги лажеа граѓаните дека состојбите во економијата блескале. Не само што не блескале, туку тие сега сакаат својата неспособност и неодговорно работење да го наплатат од џебот на народот.

Во услови на епидемија кога ниту една европска земја не ги покачува цените на струјата и другите енергенси, власта на Заев реши да удри по народот и да ја покачи цената на струјата која сега споредена според висината на просечната месечна плата станува една од најскапите во Европа.

Високата маржа на универзалниот снабдувач која е воведена во време на Заев и СДСМ, непотистичките и партиските вработувања со кои ги полнеше државните енергетски компании, но и предизборниот поткуп кој се правеше со исплатата на бонуси, К15 и слични исплати на вработените во овие компании  доведоа до ситуација граѓаните да треба да плаќаат повисоки сметки за да се покрие нивното недомаќинско работење.

Залуден е обидот на СДСМ со манипулативни соопштенија да бара виновник  во други за своите постапки. Граѓаните гледаат и памтат и самите по својот џеб може да проценат како биле излажани од Заев и СДСМ. Тоа што им го даваа на лажичка било да се работи за изборен поткуп или гол популизам, сега после изборите им го земаат со лопата.

Треба да знаете
Последни објави