Search

ВМРО-ДПМНЕ: Факт е дека во Македонија ниту се гради, ниту се реализира

Машинеријата за продукција на лажните вести, се има тотално одлепено од реалноста и не знае што се факти.

Објективната вистина за ситуацијата во којашто се наоѓа Македонија и граѓаните е далеку од лажното претставување на Коста Петров.

Факт е дека во Македонија ниту се гради, ниту се реализира. Да беше спротивно до сега ќе беа почнати 500-те километри автопати коишто СДСМ ги имаше ветено претходните избори.

Факт е дека од проектираните 3.9 милијарди евра буџет, владата издвојува минимални 380 милиони евра за капитални инвестиции, а реализацијата е никаква.

Факт е дека СДСМ повторно ги излажа  пензионерите кога го избриша законскиот индикатор за зголемување на пензиите  и со тоа ги скрати пензиите за 6.900 денари оваа година. На ист начин го скрати и покачувањето на платите за професорите и наставниците со кршење на законските одредби.

Факти се и лагите за зелената нафта којашто требаше да им биде доделена на земјоделците уште на почетокот од оваа година, но наместо реализација на мерката, 50 илјади земјоделци завршија со по 500 денари бонови, во услови кога во државата има 100.000 земјоделци.

Фактите говорат дека оваа влада ја задолжува државата без основ. Последното задолжување од 82 милиони, при јавен долг од 5.4 милијарди евра, зборува за неспособното работење на оваа власт. Долговите растат, а Заев продолжува да се расфрла со парите на граѓаните.

Петров и СДСМ само продолжува јавно да прават пропаганда и смешен политички маркетинг со цел да го прикријат сопственото неработење и да не се соочат со поразот кој што ќе биде евидентен на изборите на 12-ти април следната година.

СДСМ и Заев ќе изгубат заради фактите коишто македонските граѓани ги гледаат и заради срамот и понижувањата коишто им ги нанесуваат на граѓаните секојдневно. Антиреформската влада ќе падне затоа што испорачува само криминал и корупција. Обновата на Македонија стартува во април и ќе значи крај на лажните вести.

Треба да знаете
Последни објави